За да бидат прифатливи за добивање на грант , заемопримачите мора да се усогласат со правилата за прифатливост на Програмата, како и да обезбедат докази дека финансираните технологии се купени и инсталирани.
Ве молиме погледнете подолу кратко резиме на правилата и посетете ги поврзаните страници за повеќе информации.
Откако заемопримачите што се прифатливи односно ги исполнуваат правилата на програмата ќе инсталираат прифатливи технологии, опрема и материјали, тие можат да побараат верификација и да аплицираат за грант користејќи го Системот за верификација.
Сите правила поврзани со верификацијата се детално опишани во одредбите и условите на Програмата за финансирање на зелена економија (GEFF) на ЕБОР за барање исплата на грант.
Проект може да биде прифатлив за добивање на инвестициски стимулации доколку:
Горенаведените барања се само основните барања што го прават проектот прифатлив за верификација и грант. Ве молиме прочитајте ги целосните одредби и услови на Програмата за финансирање на зелена економија (GEFF) на ЕБОР за барање на исплата на грант бидејќи ги содржат сите услови коишто се применуваат.
Напомена: Апаратите за домаќинство (фрижидери, замрзнувачи и климатизери), не се прифатливи за инвестициски стимулации.