GEFF е поддржан со средства од грантови од Европската Унија, Република Австрија и Инвестиционата Рамка на Западен Балкан.
Успешно имплементирани и потврдени проекти може да се подобни за добивање на инвестициски поттик за:
Б. Групи индивидуи, здруженија за домување* и даватели на услуги*
* Инвестициските поттикнувања се доделуваат на енергетскиот финален корисник во форма прифатлива за EBRD
Ц. Трговци и производители не се подобни за инвестициски грант.
Повеќе детали за инвестицискиот грант, ве молиме погледнете ја табелата за инвестициски грант.
Кога ќе се инсталира Вашата технологија, може да аплицирате онлајн за ЕУ грант преку нашиот Систем за верификација (VMS).
Оваа онлајн алатка може да се користи и од компјутер и од мобилен уред. Вие може да го започнете барањето за верификација, да го зачувате и да продолжите со работа кога Ви одговора користејќи било кој уред. Системот овозможува лесно прикачување на документи што можат да бидат фотографирани за време на процесот на аплицирањето. Може да го следите напредокот на Вашето барање преку системски генерирани емаили или со најавување во VMS.
Тимот на GEFF ќе потврди дека технологијата е инсталирана, при што може да е потребна посета и потврда на лице место.
По успешната потврда Локалната банка партнер во Програмата ќе го исплати финансискиот грант на Вашата сметка. Со тоа Вашиот проект може да стане една од успешните приказни на GEFF.
Дознајте повеќе како да го користите VMS – видео упатство.