enmk

Изградба на енергетски ефикасен дом во Северна Македонија

Location
Скопје, Северна Македонија
Investment
топлинска пумпа, изолација на кров и прозорци
Investment Size
€41,800
Energy savings
86 MWh
Donor
ЕУ, Австрија, WBIF

До 40% од штетните емисии од стакленички гасови доаѓаат од енергетски неефикасни згради. WB GEFF придонесе да им се помогне на многу домаќинства да ја намалат потрошувачката на енергија и да придонесат за поздрава животна средина.

Тони Попов oд Скопје инвестираше во топлинска пумпа, изолација на покривот и прозорците за неговата нова куќа. Оваа инвестиција била превисока за да се покрие со сопствени средства и затоа барал заем од банка. Програмата WB GEFF беше одличен избор како што вели Тони, бидејќи комбинира банкарски заем со финансиски грант, што беше клучно во времето кога се планираше инвестицијата.

Сопственикот на куќата инвестирал 41.800 Евра во најдобрите зелени технологии за да обезбеди удобен дом за своето семејство со минимални трошоци за енергија. По завршувањето на инвестицијата, семејството Попов доби грант од ЕУ во вредност од 8.360 Евра или 20% од инвестицискиот заем.

Скопското семејство помогна за почиста животна средина со заштеда на дури 86 MWh енергија годишно.

Програмата GEFF за Западен Балкан е поддржана од Европската Унија (ЕУ), Сојузното Министерство за финансии на Република Австрија и Инвестициската рамка за Западен Балкан во соработка со Секретаријатот на Енергетската заедница (ЕЦС).