enmk

Со енергетски ефикасни инвестиции до потопол дом

Location
Скопје, Северна Македонија
Investment
топлинска пумпа, изолација на кров и прозорци
Investment Size
€19,500
Energy savings
11,16 mWh
CO2 savings
2,55 тони годишно
Donor
ЕУ, Австрија, WBIF

Семејството Јанакиевски од Скопје одлучи да го направи својот дом енергетски ефикасен преку програмата GEFF за Западен Балкан, со цел да ja зголеми удобноста во својот дом и да ги намалат сметките за енергија. Нивната куќа е изградена во 1974 година, и иако пред петнаесет години ги изолираа надворешните ѕидови, прозорците беа премногу стари, а потрошувачката на енергија беше превисока.

Не само што имаа проблеми со изолацијата во куќата, туку и звучната изолација беше многу лоша. Со оглед на тоа што куќата се наоѓаше на главна улица, тоа беше вистински проблем за семејството и тие се чувствуваа непријатно во сопствената куќа.

Сопственикот на домот, Тома Јанакиевски инвестираше во нови прозорци, изолација на покривот и топлинска пумпа. По инвестирањето во зелени технологии во вкупна вредност од 19.500 Евра; скопското семејство доби финансиски грант од ЕУ во вредност од 3.900 евра, што беше важен мотивационен фактор за нив да ја направат инвестицијата.

Оваа инвестиција му помогна на семејството да создаде поудобни услови за живеење, но и да ја намали потрошувачката на енергија и сметките. Денес, семејството Јанакиевски ја одржува куќата топла и придонесува за намалување на загаденоста на воздухот со заштеда на 11,6 MWh енергија и избегнување на 2,55 тони CO2 годишно.

Програмата GEFF за Западен Балкан е поддржана од Европската Унија (ЕУ), Сојузното Министерство за финансии на Република Австрија и Инвестициската рамка за Западен Балкан во соработка со Секретаријатот на Енергетската заедница (ЕЦС).