enmk

Услови и правила на страницата

  1. Со оваа страна управува Европската банка за обнова и развој (EBRD ) со седиште на Уан ексџејнџ сквер, Лондон ЕЦ2А 2ЈН, (Headquarters at One Exchange Square, London EC2A 2JN) Обединето Кралство.
  2. Ве молиме прочитајте ги условите („Услови“) бидејќи тие се однесуваат на Вашата употреба на страната [http://www.ebrdgeff.com/macedonia] („Страната“). Ако не се согласувате со овие услови, тогаш мора да ја напуштите страната.
  3. Со користење на страната Вие ги прифаќате и се согласувате да бидете обврзани со овие услови. EBRD може да ги промени овие Услови. Доколку продолжите да пристапувате кон страната и по такви промени, Вие ги прифаќате и се согласувате да бидете обврзани со сите промени. Секогаш кога сакате да ја користите нашата страна, Ве молиме проверете ги условите за да бидете сигурни дека ги сфаќате и применувате во тоа време.
  4. Содржина

4.1.    EBRD ја одржува страната како услуга за корисниците. Информациите содржани на страната се само за информативни цели. Предмет на параграф 7.1 во продолжение Вие може да ја посетувате страната, да симнувате и копирате информации, документи и материјали понудени од EBRD или различни други добавувачи на информации или содржини (заедно „Материјалите“) од страната за Ваша лична, некомерцијална употреба, без какво било право да ги препродавате, редистрибуирате или да креирате нивни деривати, што е предмет на овие Услови.

4.2.    Освен ако не е поинаку наведено, сознанијата, толкувањата и заклучоците искажани во Материјалите на страната се тие на различните автори на делата, а не се задолжително и на EBRD.

4.3.    Содржините, како што се прикажани на страната, може да варираат зависно од функционалноста на Вашиот пребарувач и неговите ограничувања. EBRD не прифаќа одговорност ако не можете да видите некој дел или елемент на страната.

4.4.    EBRD го задржува правото да промени или отстрани некој материјал од страната, вклучително и да изменува и/или брише делови или други информации. EBRD може да не дозволи пристап до страната или некој нејзин дел. Во врска со тоа EBRD нема да има обврска да ги земе предвид потребите на кој било корисник.

4.5. Страната може да содржи хиперлинкови или упатувања на веб страници на трети страни. Сите такви хиперлинкови или упатувања се дадени само за Ваша погодност. EBRD нема контрола врз таквите веб страници од трети лица и не прифаќа одговорност во врска со содржините, материјалите или информациите содржани на тие веб страни.

4.6. Може да поставите врска до страната без да барате дозвола од EBRD доколку го правите тоа на фер и правичен начин, без да ја оштетувате нашата репутација и да не предлагате форма на здружување, одобрување или прифаќање од наша страна. Таквите врски мора јасно да ја идентификуваат EBRD како извор на информации прикажани на страната и да го зачуваат интегритетот на страната без никакви измени. EBRD го задржува правото да не даде дозвола да се постави врска со страната и може да побара, во кое било време, да ја тргнете врската до страната.

4.7. Страната може да содржи совети, мислења и изјави од различни добавувачи на информации или содржини. EBRD не ја гарантира, ниту ја прифаќа точноста или сигурноста на советите, мислењата, изјавите или други информации дадени од добавувач на информации или содржини или на некој корисник на страната или некое физичко или приватно лице. Земањето во предвид на таквите мислења, совети, изјави или други информации го правите на Ваш ризик. Исто така, мора да добиете професионални или специјализирани совети пред да преземете или да се воздржите од некакво дејство врз основа на содржината приложена на нашата страна.

4.8. Ништо на страната или во материјалите нема да биде составено, намерно или ненамерно, како да содржи препораки или совети за инвестиции, ниту да биде понуда или покана од име на EBRD да се купат или продадат хартии од вредност.

  1. Наша одговорност

5.1. Страната е дадена на основа „како што е“ и „како што е достапна“ без гаранција, услови или обврски од каков било вид, без разлика дали се изразени или наметнати. EBRD не гарантира некаква обврска во врска со страната, вклучително и оние во врска со достапноста, целосноста и точноста на каков било материјал поставен на страната.

5.2. Се’ додека дозволуваат законите, EBRD ја отфрла и исклучува секоја одговорност (без оглед на тоа дали произлегува во договор, прекршок (вклучително и невнимание), прекршување на статутарна обврска или друго) што произлегуваат од неточност, неуспех, грешка, превид, прекин, бришење, дефект, одложување во работењето или преносот, компјутерски вирус, пад на комуникациската линија, кражба или уништување или неовластен пристап до, измена на или користење на кои било материјали на страната. Во никакви околности EBRD нема да биде одговорна пред Вас за каква било загуба или штета што сте ја претрпеле (директни и индиректни загуби) што произлегуваат од Вашето користење на страната.

  1. Ограничувања и прекини

6.1. Онаму каде што е потребно корисничко име и лозинка Вие прифаќате и се согласувате дека EBRD може, по сопствен избор, да го деактивира Вашето корисничко име и лозинка и со тоа да го спречи Вашиот пристап до страната.

6.2. Онаму каде што е тоа возможно, Вие се согласувате да го чувате како доверливо Вашето корисничко име и лозинка од регистрираните податоци за корисничкиот налог и да не дозволите на трети страни да пристапат до страната користејќи ги Вашите податоци.

  1. Ваши обврски

7.1.    Додека ја користите страната Вие не смеете:

(а) да поставувате или пренесувате информации кои се незаконски, измамнички, клеветнички, непристојни, порнографски, вулгарни, заканувачки, исполнети со омраза, понижување или други сомнителни информации од каков било вид, вклучително и преноси кои содржат или охрабруваат однесување што би претставувало кривично дело, би создало граѓанска одговорност, би прекршило постојни закони или регулативи или би ја оштетило репутацијата на EBRD;

(б) да поставувате или пренесувате реклами, понуди, ланчани писма, пирамидални шеми, инвестициски можности или комерцијални шеми од каков било вид или друга форма на непобарана комуникација;

(в) да поставувате или пренесувате софтвер или материјал што содржи „вирус“, „тројански коњ“, „црв“, „податочна бомба“ или други слични елементи;

(г) да копирате, изменувате, лиценцирате, создавате деривативни дела, да пренесувате, поставувате, објавувате, ре-објавувате, пренесувате, репродуцирате, дистрибуирате или на некој начин да ги искористувате или искористите:

(i) материјалите добиени преку страната за комерцијални цели; или

(ii) материјалите или нивни деривати добиени преку страната кои се предмет на авторски права и други права на интелектуална сопственост на трета страна. Ако сакате да копирате, изменувате, лиценцирате, пренесувате, поставувате, објавувате, ре-објавувате, пренесувате, репродуцирате, дистрибуирате или на некој начин да ги користите или искористите таквите материјали или нивни деривати, мора прво да добиете дозвола од сопственикот.

7.2. Се согласувате да не ограничувате или попречувате друго лице да ја користи страната.

7.3. Се согласувате да ја браните, обесштетите и да ја одбраните EBRD од сите тужби, дејства, постапки, загуби, штети, одговорности, трошоци и давачки, вклучително и разумни правни давачки кои произлегуваат на некаков начин од Вашето користење на страната или од прекршувањето на овие Услови од Вашата страна или онаму каде што е соодветно, од други корисници на Вашиот регистриран налог.

7.4.    По барање на EBRD веднаш да ги вратите на EBRD или да ги уништите (каде што е тоа возможно) сите печатени, ископирани или симнати материјали.

  1. Форуми

8.1. Ако страната содржи дел за известувања, дел за разговори или други пораки или комуникација (заедно нарекувани „Форуми“) Вие се согласувате да ги користите форумите само за да примате и праќате пораки и материјали што се соодветни и поврзани со соодветниот Форум. Со пример, а не и како ограничување, Вие се согласувате дека кога ќе користите Форум, нема да го правите следново:

8.2. Се согласувате дека сите форуми се јавен, а не приватен тип на комуникација. Освен тоа, се согласувате дека разговорите, поставените елементи, конференции, електронска пошта и другите видови комуникација на другите корисници не се поддржани од EBRD и дека таквиот тип на комуникација е предмет на прегледување, скрининг или одобрување од страна на EBRD.

8.3. Вие се согласувате дека EBRD нема обврска да врши надзор врз употребата на форумите и дека користењето на таквите форуми е предмет на насоки или инструкции што може да ги издаде EBRD во кое било време и по свој избор.

8.4. EBRD го задржува правото поради каква било причина и по свој избор да ги уреди или отстрани, без известување, сите содржи од форумите, вклучително и електронската пошта и прикачените елементи на делот за известување.

  1. Права на интелектуална сопственост

9.1. Сите авторски права и други права од интелектуална сопственост на материјалите на страната, освен Вашите поднесоци, се лиценцирани или и’ припаѓаат на EBRD.

9.2. Вие се согласувате дека логото на EBRD е регистриран знак и како таков не може да биде репродуциран без изричита писмена дозвола на EBRD. Вие се согласувате дека нема да го користите името или акронимот на EBRD во јавни огласувања, промотивни, маркетинг или продажни материјали без претходна писмена согласност добиена од страна на EBRD.

  1. Општо

10.1. Ништо во овие Услови нема да се смета како откажување, отповикување или промена од страна на EBRD на изземањето, привилегиите и исклучоците на EBRD доделени според Спогодбата со која се основа Европската банка за реконструкција и развој, меѓународната конвенција или кој било применлив закон. Освен тоа, ништо во овие Услови нема да се смета како откажување од неповредливоста на архивите на Банката.

10.2. Овие Услови ќе бидат уредени и составени во согласност со англиското право. Сите недоговорни обврски што произлегуваат од или во врска со овие Услови ќе бидат уредувани или составени во согласност со англиското право.

10.3. Доколку EBRD не успее да спроведе некое право или одредба од овие Услови, тоа нема да претставува откажување од таквото право или одредба. Ако некоја одредба содржана во овие Услови биде одредена од суд во соодветната јуриздикција како неважечка или неспроведлива, другите одредби на овие Услови нема да бидат погодени и ќе останат во сила.

10.4. Освен ако немате јасен договорен однос со EBRD овие Услови го претставуваат целиот договор меѓу EBRD и Вас во поглед на користењето на страната.