enmk

Услови на Програмата за финансирање на зелена економија (GEFF) на ЕБОР за исплата на финансиска стимулација (грант)

09.02.2026.

Овој документ има за цел да ги објасни правилата со кои се уредува исплатата на финансиски стимулации на заемопримачи корисници на Кредитната линија за зелено финансирање (GEFF).

GEFF е развиен од ЕБОР.

GEFF на ЕБОР на Западен Балкан е кофинансиран од Европската унија преку Инвестициската рамка за Западен Балкан, Австрија, Јапонија, Данска, како и од Австрија и Швајцарија преку Партнерството за климатска акција со висок импакт (HIPCA)*.

Овој документ е изработен со финансиска поддршка од Европскиот заеднички фонд за Западен Балкан, во рамки на Инвестициската рамка за Западен Балкан. Ставовите изразени во овој документ се ставови на (име на автор) и во никој случај не можат да се сметаат како официјален став на придонесувачите во Европскиот заеднички фонд за Западен Балкан, ниту на ЕБОР или ЕИБ, како кофинансиски управители на Европскиот заеднички фонд за Западен Балкан.

Во Косово, финансиските стимулации (грант) за заеми се финансирани преку Партнерството за зелена и праведна енергетска транзиција во Косово – Сметка за соработка на ЕБОР, воспоставена од Министерството за надворешни работи на Данска и ЕБОР и Европскиот заеднички фонд за Западен Балкан.

* Партнерството HIPCA на ЕБОР е поддржано од Австрија, Канада, Финска, Германија, Холандија, Норвешка, Јужна Кореја, Шпанија, Швајцарија, TaiwanICDF, Обединетото Кралство и Соединетите Американски Држави.

Со користење на средствата од GEFF заемот и/или со поднесување на барање за исплата на финансиска стимулација (грант), потврдувате дека сте запознаени со условите за користење, дека во целост ги прифаќате и сте правно обврзани со нив.

1 Кратенки и дефиниции

Станбен објект: куќа или стан во приватна сопственост

EBRD: Европска банка за обнова и развој (ЕБОР); ЕБОР е сопственик на програмата GEFF и на Системот за верификација (VMS)

EU: Европска Унија

GEFF: Кредитна линија за зелено финансирање

PFI: Партнерска финансиска институција

FC: Проектен консултант (Проектниот консултант управува со програмата GEFF во име на EБОР)

Заемопримач: лице кое поднесува барање за заем и финансиска стимулација (грант) во рамките на програмата GEFF

Проект: мерка или мерки за енергетска ефикасност кои заемопримачот планира да ги имплементира во рамките на програмата GEFF

Заем: Заем кој ќе го одобри PFI во рамките на Кредитната линија за финансирање на Проектот

Teхнолошки селектор: Teхнолошки селектор за Западен Балкан (TС). Интернет база со податоци во кои се содржат претходно одобрени технологии кои се оценети како прифатливи[1]. ТС еразвиен од страна на ЕБОР и се одржува од страна на Проектниот консултант.

VMS: Систем за верификација (интернет алатка преку која заемопримачот се регистрира и ги прикачува документите потребни за верификација).

2 Прифатливи заемопримачи

Поединци: физички лица или групи лица признаени според националните закони кои имаат пристап до објектот на кој планираат да го имплементираат проектот.

Станбени задруги: станбена задруга или друго еквивалентно тело, кое во секој случај, ги застапува интересите на станарите регистрирани согласно националното законодавство, а која планира да го реализира проектот. Проектите што ги спроведуваат станбените заедници подлежат на Проценка на прифатливост од страна на GEFF тимот..

Градежни компании: секоја градежна компанија која гради соодветни и прифатливи станбени објекти или згради. Проектите што ги спроведуваат градежните компании подлежат на проценка на прифатливост од страна на GEFF тимот.

Заемопримачи од јавниот сектор: субјект од јавниот сектор доколку ги исполнува следните барања: општини; или ако е основан во согласност со националното законодавство и примарно работи во матичната земја и е во мнозинска сопственост или под контрола на локален орган на власт, општина или друг политички, владин или административен орган, агенција или нивна под-единица (вклучително и јавни претпријатија). Проектите што ги спроведуваат јавните заемоприматели подлежат на проценка на прифатливост од страна на GEFF тимот.

3 Прифатливи проекти

Проектот се смета за прифатлив доколку:

4 Проекти кои не се прифатливи за финансирање

Заемот нема да биде одобрен за финансирање на следниве активности:

Исто така, заемот нема да се одобри за финансирање на следните активности:

5 GEFF заеми

Доделување на заемот

GEFF заемите ги одобруваат и исплатуваат Партнерските финансиски институции (PFI). Списокот со Партнерските финансиски институции можете да го најдете на локалните GEFF интернет страници.

Заемите одобрени од други банки, нема да бидат квалификувани како GEFF заеми.

Цел на заемот

Заемите за прифатливи инвестиции се земаат за или во врска со:

(a) станбени објекти или згради (Проекти во станбениот сектор). Само оние заеми кои се исклучиво наменети за финансирање на купување и правилна инсталација на материјали и опрема со висока енергетска ефикасност (кои се наоѓаат на списокот на Технолошкиот селектор или кои се оценети како прифатливи од проектниот консултант) може да се сметаат за заеми на GEFF.

(б) субјекти на јавниот сектор (Проекти во јавниот сектор).

(в) станбени објекти или згради (Проекти на градежни компании).

6 Финансиска стимулација (грантови)

Цел на финансиските стимулации

Заемопримачите, корисници на GEFF средствата имаат право на финансиска стимулација по целосно и правилно завршување на имплeментација на проектот за енергетска ефикасност и обновливи извори на енергија во согласност со документираните докази кои се доставуваат со Барањето за верификација.

Сите технологии/мерки мора значително да придонесуваат кон вкупните заштедина проектот.

Докази за завршување на проектот

Завршувањето на секој проект треба да биде поддржано со соодветна документација.

Следниве документи се потребни за успешна верификација (ве молиме имајте предвид дека задолжителната документација зависи од видот на проектот):

Во случај заемопримачот да не ја достави бараната документација или да достави документи кои се неточни/кои не се веродостојни или кои не одговараат на инсталацијата спроведена на локацијата на проектот, проектот ќе биде одбиен.

7 Верификација на проекти

За да биде одобрена финансиската стимулација заемопримачот мора експлицитно да поднесе барање за истата. Заемопримачите своите Барања за верификација ги поднесуваат преку Системот за верификација (VMS), кој е достапен преку локалната GEFF интернет страница.

Постапка на верификација на финансиската стимулација

Постапката за верификација на финансиската стимулација ја врши проектен консултант по поднесување на комплетно  Барање за верификација во VMS. Секое Барање за верификација подлежи на проверка на лице место или на административна проверка на поднесената документација

Во случај да нема идентификувани грешки или измама, одлуката на проектниот консултант за успешната имплементација и завршувањето на кој било проект (или поинаков наод), ќе биде конечна и обврзувачка за PFI и заемопримачот.

Oграничувања кои се применуваат на стимулациите за инвестиции

Стимулациите за инвестиции нема да им бидат исплатени на заемопримачите за следново:

Покрај тоа, барањата за финансиски стимулации ќе бидат одбиени во следните ситуации:

8 Постапка за пресметка на финансиска стимулација

Пресметката на износот на финансиската стимулација ја врши проектниот консултант во текот на постапката за верификација на проектот. Прецизниот износ на стимулацијата за инвестиции што ќе им се исплати на заемопримачите ќе се пресметува по поднесување на Образецот за барање за верификација и сите други потребни документи.

Заемопримачи – физички лица кои имплементираат прифатлив проект во својот станбен објект се подобни за добивање на финансиска стимулација во износ до 20% на понискиот износ од :

(А) исплатениот износ на заемот или

(Б) верификуваните трошоци на проектот,  Ве молам пристапете на следниот линк https://ebrdgeff.com/macedonia/mk/grant-support/  за да ги проверите минималните барања за инсталирана моќност на технологиите за обновлива енергија за да има право на максимален поттик.

Станбени задруги и даватели на услуги и физички лица кои имплементираат проект на ниво на зграда се подобни за добивање на финансиска стимулација во износ до 35% на понискиот износ од:

(А) исплатениот износ на заемот или

(Б) верификуваните трошоци на проектот, без разлика кој износ е понизок.

Ве молам пристапете на следниот линк https://ebrdgeff.com/macedonia/mk/grant-support/  за да ги проверите минималните барања за инсталирана моќност на технологиите за обновлива енергија за да има право на максимален поттик.

Заемопримачи – градежни компании и

Заемопримачи – субјекти од јавниот сектор  Треба да ја контактираат нивната PFI преку која би аплицирале за GEFF заем.

Висината на финансиската стимулација се пресметува во два чекори:

Чекор 1: пресметка на верификувани прифатливи инвестициски трошоци врз основа на документирани докази и/или посета на лице место;

Чекор 2: пресметка на износот на финансиската стимулација врз основа на прифатливите трошоци за соодветната технологија и применливиот процентуален износ на финансиската стимулација.

Резултатот од постапката за пресметување на износот на финансиската стимулација претставува еквивалентна вредност на финансиската стимулација во евра, која ќе му биде исплатена на заемопримачот по успешното завршување на проектот.

9 Постапка за исплата на финансиски стимулации

Средствата врз основа на финансискатастимулација се уплатуваат на сметката на заемопримачот. кај PFI каде што е одобрен GEFF подзаемот. Заемопримачот е должен да обезбеди сметка за исплата на средствата.

Исплатите на финансиски стимулации се вршат еднаш месечно. Финансиските стимулации одобрени од проектниот консултант на крајот на секој месец ќе бидат вклучени во исплатата на PFI.

10 Злоупотреба на донаторските средства

Секоја финансиска стимулација исплатена на заемопримачот, заемопримачот е должен да ја врати  доколку:

Во такви случаи, заемопримачот е должен да ѝ ги врати на PFI сите износи од финансиска стимулација (грант) кои му биле неправилно исплатени.

11 Постапката за поднесување жалба по основа на финансиска стимулација

Заемопримачот може да поведе постапка за поднесување жалба врз основа на финансиска стимулација во случај на несогласување со висината на одобрената финансиска стимулација или одбивање/отфрлање на барањето врз основа на одлука на проектниот консултант.

Жалбата за финансиска стимулација се испраќа до Партнерската финансиска институција PFI во која заемопримачот го поднел кредитното барање.

Заемопримачот може да поднесе жалба и до проектниот консултант. Жалбата за финансиска стимулација може да се поднесе во рок од 10 календарски дена од денот кога одлуката на проектниот консултант му била соопштена на заемопримачот. Во наведениот рок, заемопримачот може по електронски пат да испрати порака во која ќе го соопшти својот приговор на одлуката, давајќи кратко објаснување за причините поради кои не се согласува со донесената одлука. Заемопримачот може исто така да поднесе какви било пресметки и/или документи за кои смета дека се соодветни за да го поддржат приговорот.

Жалбите се испраќаат на следниве е-пошта адреси:

Косовo – xk@ebrdgeff.com

Босна и Херцеговина – bih@ebrdgeff.com

Aлбаниja – albania@ebrdgeff.com

Србиja – serbia@ebrdgeff.com

Северна Македонија – mk@ebrdgeff.com

Црна Гора – mne@ebrdgeff.com

Проектниот консултант во рок од 15 работни дена ќе ја разгледа жалбата поднесена од заемопримачот и ќе му испрати писмен одговор на заемопримачот.

Доколку заемопримачот не е задоволен од исходот, може да поднесе жалба до Европската банка за обнова и развој (EBRD), во рок од 30 дена:

Yucel Inan
Eвропска банка за обнова и развој (EBRD)
Обединето Кралство
E-пошта: inany@ebrd.com

Жалбите се доставуваат на  локален или англиски јазик.

12 Пристап до информации и простории; Обелоденување на информации; Обврски за известување

Со поднесување барање за финансиска стимулација (грант), заемопримачот се согласува на следново:

(a) Пристап до информации

(i) Заемопримачот се согласува на обелоденување на информации и/или записи поврзани со него, заемот и проектот до:

  1. претставници на ЕБОР, вклучувајќи го Консултантот на програмата / GEFF тимот; и/или
  2. претставници на донорите и/или претставници на Европската комисија, вклучувајќи претставници на Европската канцеларија за борба против измами и Судот на ревизори на Европските заедници;

(b) Пристап до простории

По барање, заемопримачот се согласува да овозможи неограничен пристап на лице место до просториите каде што се реализира проектот, за ЕБОР, претставниците на ЕБОР, вклучувајќи го Консултантот на програмата / GEFF тимот, претставниците на донаторите и/или претставниците на Европската комисија, вклучувајќи претставници на Европската канцеларија за борба против измами и Судот на ревизори на Европските заедници.

(c) Обелоденување на информации

(i) Заемокорисникот потврдува и се согласува дека ЕБОР може да им достави на донаторите такви документи, информации и записи во врска со неговиот заем и проект, кои ЕБОР ги смета за соодветни во рамки на своите обврски за известување и други обврски.

(ii) Заемокорисникот потврдува и се согласува дека ЕБОР е должна да ја информира Европската комисија доколку, во врска со спроведувањето на грантот од донорот, утврди дека:

  1. заемокорисникот е Исклучен субјект;
  2. заемокорисникот или кој било корисник на грантот од донорот со кој крајниот корисник има воспоставено договорен однос, е Ограничено лице; или
  3. постои Забранета практика и/или неправилност во исплатата и/или користењето на донаторскиот придонес.

Таквите информации може да бидат вклучени во Системот за рано откривање и исклучување и да бидат објавени на интернет-страницата на Европската комисија.

(d) Обврски за известување

Заемокорисникот потврдува и се согласува дека финансиската институција посредник (PFI) без одлагање ќе ја извести ЕБОР доколку смета или дознае дека:

(i) настан се случил или е веројатно да се случи, кој ќе влијае или ќе го одложи спроведувањето на делот од Проектот финансиран со финансискиот поттик во значителен обем; или

(ii) кој било краен корисник или подизведувач се вклучил во Забранета практика.

13 Чување на евиденција

Заемокорисникот е должен да води и чува соодветна евиденција и сметководствени податоци поврзани со заемот во период не пократок од 5 години по подоцнежниот од следниве датуми:
(i) датумот на целосна отплата на заемот; и
(ii) доколку е покрената ревизија или истрага од страна на OLAF (Европската канцеларија за борба против измами, овластена од Европската унија), донаторите или ЕБОР во врска со заемот– датумот на завршување на таквата ревизија или истрага.

14 Политика за доверливост и приватност на податоците

Сите информации што проектниот консултант ги добива од Партнерските финансиски институции и од поединечните заемопримачи ќе се третираат со должно внимание за да се обезбеди нивната доверливост за време на складирањето и обработката, со цел да се спречи неовластен пристап до лични, финансиски и други чувствителни податоци.

Во согласност со одредбите на Општата регулатива за заштита на податоците на ЕУ („GDPR“), во прилог се информациите за видот на личните податоци што проектниот консултант може да ги собере и за која цел овие податоци може да се обработуваат за време на посетите на VMS и при неговото користење.

Се собираат и обработуваат следниве лични податоци:

Податоци за контакт

ЕМБГ  број, име и презиме, матичен брoj, телефонски број за контакт, е-пошта за контакт, адреса на живеење (земја, град, улица и број), број на сметка, адреса каде што е реализиран проектот и други податоци кои можат да бидат дел од наведените документи поврзани со целта на инвестицијата.

Податоци за проектот

Фактури, техничка документација на купениот производ, фотографии од реализираниот проект, деловни извештаи кои содржат информации за лични и финансиски податоци, како и податоци за купените производи.

Финансиски податоци

Финансиските податоци се однесуваат на потпишаниот износ на заемот, датумот на потпишување на заемот, датумот на исплата на заемот, исплатениот заем, вкупните инвестициски трошоци и интерен индетификациски број (ID) на заемот.

Сите други документи, информации и податоци кои може оправдано да се побараат.

Личните податоци се користат за обработка на барања за финансиски стимулации и во случај на последователни прашања, ние ги обработуваме личните податоци добиени за оваа намена со цел да ги исполниме договорните обврски, или поточно, врз основа на легитимни интереси.

Личните податоци собрани за време на користењето на VMS нема да бидат споделени со трети лица, освен со Европската банка за обнова и развој (EBRD) и/или освен ако е тоа потребно да се исполни обработката на барањето за финансиска стимулација, и /или доколку тоа го бара Програмата за финансирање на зелената економија и/или за исполнување на барањата за усогласеност со важечките закони/барања на надлежните органи.

Личните податоци се чуваат онолку долго колку што е потребно за горенаведените цели и исполнување на законските обврски.

Заемопримачот има право на пристап до личните податоци кои се однесуваат на него и кои се обработуваат. Дополнително, заемопримачот има право да коригира неточни податоци и да ги избрише податоците („право да се заборави“), доколку е потребно. Исто така, заемопримачот може да ги повлече изјавите за согласност во секое време, без да наведе причини, со цел да се спречи понатамошна обработка на личните податоци собрани и користени врз основа на претходно дадена изјава за согласност. Заемопримачот, исто така, може да има право на ограничување на обработката на личните податоци, како и право да прима лични податоци што се однесуваат на него, во структурирана форма, во вообичаен, машински читлив формат („преносливост на податоци“).

Покрај горенаведеното, заемопримачот има право да поднесе приговор до надлежниот надзорен орган.

15 Oпшти одредби и одговорност

Заемопримачот прифаќа дека нема правна основа за исплата (исплати) на финансиската стимулација. Употребата на VMS не претставува договор помеѓу заемопримачот и ЕБОР, проектниот консултант или кое било трето лице.

Заемопримачот нема правна основа за пристап, користење и/или функционалност на VMS. Пристапот до VMS и неговата употреба може да бидат отежнати поради непредвидени и/или вонредни околности или техничко одржување и може да биде одбиен или прекинат во секое време без причина. При користење на VMS, заемопримачот е должен да ги почитува важечките закони и да постапува во согласност со нив. Заемопримачот се согласува дека злоупотребата на VMS може да има правни последици и може да биде предмет на кривично гонење.

ЕБОР или проектниот консултант нема да бидат одговорни за функционалноста на VMS и/или за комплетноста и точноста на податоците што ги ставил на располагање барателот преку VMS. ЕБОР или проектниот консултант нема да бидат одговорни за какви било недостатоци и/или штета кои заемопримачот ќе ги претрпи како резултат на неточни, нецелосни, погрешни или доцна (вчитани) податоци или документи.

Во случај на каква било недоследност помеѓу англиската верзија и преводот на локалниот јазик, предност ќе има документот на англиски јазик.

____________________________________________________

[1] ЕБОР го задржува правото да одбие вклучување на производ на листата од еколошки и/или социјални причини, во согласност со Политиката за животна средина и социјални прашања на ЕБОР.

[2].https://www.ebrd.com/news/publications/policies/environmental-and-social-policy-esp.html

[3] Ова исклучување зависи од поединечниот договор помеѓу финансиската институција посредник (PFI) и ЕБОР.

[4] Упатството за фотографии на GEFF е достапен на веб-страницата на GEFF