Програмaта за Финансирање на Зелената Економија (GEFF) на Европската Банка за Обнова и Развој, во Западен Балкан обезбедува финансии за секторот за домување како и за бизниси кои обезбедуваат енергетска ефикасност и енергетски обновливи производи и услуги за домаќинствата. Вкупниот обем на кредитната линија во Западен Балкан, имено во Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Црна Гора, Србија и Северна Македонија, изнесува 85 милиони Евра.
GEFF во Западен Балкан се спроведува во рамките на Регионалната програма за енергетска ефикасност за Западен Балкан (REEP Plus), и е поддржан од грант средства од Европската Унија, Инвестиционата Рамка на Западен Балкан и Австриското Сојузно Министерство за Финансии. Партнерството со донаторите е од суштинско значење за промовирање на зелените технологии и практики со високи перформанси. Донаторите обезбедуваат важна поддршка за GEFF проектите кои ги ублажуваат или ја зголемуваат отпорноста кон ефектите од климатските промени и други закани за животната околина.
Партнери
Финансирањето со GEFF се одвива преку локалните банки партнери во Програмата, кои ја користат кредитната линија да ги финансираат подобните заемобаратели со инвестиции во подобни проекти.