Финансирањето во рамките на WB GEFF е достапно за следниве мерки кои допринесуваат за намалување на потрошувачката на енергија и емисиите на CO2 во станбениот сектор:
Технологиите, опремата и материјалите кои се дел од мерката се наведени на Селекторот на технологија. Сите производи кои се наведени на Селекторот на технологија, се однапред одобрени и затоа се прифатливи за финансирање во рамките на GEFF, без никакво дополнително одобрение. Финансирањето е достапно за поединци кои поседуваат или живеат во куќа или стан во кој имаат намера да спроведат прифатлива инвестиција.
Финансирањето на технологии од Селекторот на технологија, исто така ги вклучува и трошоците за дополнителни материјали, достава и инсталација до дефинираниот максимален процент од трошоците за технологија.
За повеќе информации, следете го прирачникот чекор по чекор за тоа како да аплицирате за финансирање на технологија.
Реновирање на повеќестанбени згради од групи поединци, здруженија за домување и даватели на услуги и проширувањето на продажбата или производството на технологии кои се прифатливи од продавачите и производителите се видови на инвестиции кои бараат проценка бидејќи тие се премногу комплицирани за едноставниот однапред одобрен пристап.
Проценетите проекти, исто така, ги вклучуваат и прифатливите дополнителни трошоци поврзани со работната сила како што се транспорт, отстранување, достава и инсталација врз основа на индивидуалниот предлог за инвестирање.
Услугите за проценка на GEFF ги обезбедуваат непристрасни експерти избрани од ЕБОР.
За повеќе информации, ве молиме следете го чекор по чекор прирачникот „Како да аплицирате за проценка“.
Финансирањето на технологии од Селекторот на технологии, исто така вклучува и трошоци за помошни материјали, достава и инсталација до дефинираниот максимален процент од трошоците за опрема.
Проценетите проекти кои се подложни на Извештај за процена исто така вклучуваат подобни трошоци за работна рака како на пр. за пренос, отстранување, достава и инсталација врз основа на индивидуалниот предлог за инвестиција. Исто така, подобните трошоци се опишани во Извештајот за процена.