Кредитната линија зa финансирање во зелена енергија (ГФФ Македонија) е кредитна линија до 30 милиони евра наменети за финансирање на инвестиции на малите и средни претпријатија во енергетска ефикасност и обновливи извори на енергија преку партнерските Банки и Компании за лизинг (Партнерски Финансиски Институции на ГФФ).
ГФФ ги поддржува малите и средните претпријатија во Македонија да финансираат во опрема со високи перформанси за обновлива енергија и енергетска ефикасност која ги намалува емисиите на јаглерод диоксид и загадувањето.
Фондот ги комбинира проектите за финансиска инвестиција преку заеми и лизинг со технички совети и услуги кои се развиени за да може малите и средни претпријатија да ги разберат, да ги спроведат и да имаат корист од високите перформанси на технологиите за зелена енергија.
По успешната верификација на инвестициските проекти на ГФФ, МСП имаат право на стимулација- грант до 5% за инвестициите за енергетска ефикасност и до 10% за инвестиции за обновливи извори на енергија или за инвестиции кои се комбинација од обновливи извори на енергија и инвестиции за енергетска ефикасност. Стимулацијата – грантот е финансиран од Владата на Република Северна Македонија и Заедничкиот фонд за целите на одржлив развој, преку Програмата за развој на Обединетите нации.
Партнери
Финансирањето на ГФФ се спроведува преку Партнерските Финансиски Институции на Фондот, кои ја користат Институцијата за да обезбедат заеми и финансиски лизинг на клиенти кои се квалификувани за инвестициите во соодветни проекти.
Фондот е комплементарен и со други кредитни линии.
Пристап
ГФФ им нуди на малите и средни претпријатија два различни пристапи, во зависност од нивните потреби и преложени проекти:
Стандарден пристап
Овој пристап е за проектите каде инвестициите се наменети за стандардна опрема, која не бара дополнителна процена на подобноста. Стандардната опрема ги вклучува технологиите како котли, компресори, фотоволтаични системи, трактори и другo кои може да се најдат во Селекторот за Зелена Технологија. Инвестициите во опрема за обновлива енергија и енергетска ефикасност кои се наведени во Листата на одобрена опрема на ЕБОР може исто така да биде квалификувана за финансирање преку ГФФ без понатамошна процена. За да ја видите Листата на одобрена опрема, ве молиме кликнете тука.
Сложен пристап
Проектите за обновливи извори на енергија и енергетска ефикасност кои вклучуваат повеќе меѓусебно поврзани технички решенија и мерки за заштеда на енергија, сложени процеси, сложени инвестиции за енергетска ефикасност и/ или обновливи на енергија, или комбинација од двете. Сложените проекти мора да бидат подложни на процена на подобноста, која се спроведува од страна на проектниот тим на ГФФ, без малите и средни претпријатија да се изложат на трошоци.