ГФФ обезбедува финансирање (заеми и лизинг) за соодветна опрема со поддршка на технологиите (опремата) за инвестирање во енергетска ефикасност и обновлива енергија, или комбинација од двете.
Проектите на ГФФ може да бидат финансирани со еден или повеќе заеми или лизинг со кумулативна вредност до 1 милион евра за компанија од малите и средни претпријатија. Може да се применат и дополнителни максимални суми за финансирање, подложни на критериумите на секоја од нашите финансиски партнери.
ГФФ им нуди на малите и средни претпријатија два различни пристапи, во зависност од нивните потреби и предложени проекти:
Стандарден пристап
Овој пристап е за проектите каде инвестициите се наменети за стандардна опрема, која не бара дополнителна процена на подобноста. Стандардната опрема ги вклучува технологиите како котли, компресори, фотоволтаични системи, трактори и друго кои може да се најдат во Селекторот за Зелена технологија. Инвестициите во опрема за обновлива енергија и енергетска ефикасност кои се наведени во Листата на одобрена опрема на ЕБОР може исто така да биде квалификувана за финансирање преку ГФФ без понатамошна процена. За да ја видите Листата на одобрена опрема, ве молиме кликнете тука.
Сложен пристап
Ова е за проектите за обновливи извори на енергија и енергетска ефикасност кои вклучуваат повеќе меѓусебно поврзани технички решенија и мерки за заштеда на енергија, сложени процеси, сложени инвестиции за енергетска ефикасност и/ или обновливи на енергија, или комбинација од двете. Сложените проекти мора да бидат подложни на процена на подобноста, која се спроведува од страна на проектниот тим на ГФФ, без малите и средни претпријатија да се изложат на трошоци.