enmk

ГФФ во Северна Македонија

им помага на малите и средни претпријатија да инвестираат во обновлива енергија и технологии за енергетска ефикасност со обезбедување на финансиски средства преку локални  Партнерски Финансиски Институции

 

Кредитната линија зa финансирање во зелена енергија (GFF Македонија) е кредитна линија до 30 милиони евра наменети за финансирање на инвестиции на малите и средни претпријатија во енергетска ефикасност и обновливи извори на  енергија преку партнерските Банки и Компании за лизинг.

 

Кредитната линија ги комбинира проектите за финансиска инвестиција преку заеми и лизинг со технички совети и услуги кои се развиени за да може малите и средни претпријатија да ги разберат, да ги спроведат и да имаат корист од високите перформанси на технологиите за зелена енергија.

 

По успешната верификација на инвестициските проекти на ГФФ, МСП имаат право на стимулација за враќање на готовина до 5% за инвестициите за енергетска ефикасност и до 10% за инвестиции за обновливи извори на енергија или за инвестиции кои се комбинација од обновливи извори на енергија и инвестиции за енергетска ефикасност. Стимулацијата за враќање на готовина е финансирана од Владата на Република Северна Македонија и Заеднички фонд за целите на одржлив развој, преку Програмата за развој на Обединетите нации.

 

За повеќе информации за тоа како да аплицирате, одете на Како да аплицирам.

 

Views: 4114

Најнови вести и успешни приказни

 
Презентиран Green Finance Facility (GFF) на настан посветен на финансирање на зелени бизнис-проекти
GFF презентиран пред МСП компании на информативен настан во Кавадарци
Презентација на Green Finance Facility (GFF) пред туристичкиот сектор во Охрид