enmk

ГФФ во Северна Македонија

им помага на малите и средни претпријатија да инвестираат во обновлива енергија и технологии за енергетска ефикасност со обезбедување на финансиски средства преку локални  Партнерски Финансиски Институции

 

Кредитната линија зa финансирање во зелена енергија (GFF Македонија) е кредитна линија до 30 милиони евра наменети за финансирање на инвестиции на малите и средни претпријатија во енергетска ефикасност и обновливи извори на  енергија преку партнерските Банки и Компании за лизинг.

 

Кредитната линија ги комбинира проектите за финансиска инвестиција преку заеми и лизинг со технички совети и услуги кои се развиени за да може малите и средни претпријатија да ги разберат, да ги спроведат и да имаат корист од високите перформанси на технологиите за зелена енергија.

 

По успешната верификација на инвестициските проекти на ГФФ, МСП имаат право на стимулација за враќање на готовина до 5% за инвестициите за енергетска ефикасност и до 10% за инвестиции за обновливи извори на енергија или за инвестиции кои се комбинација од обновливи извори на енергија и инвестиции за енергетска ефикасност. Стимулацијата за враќање на готовина е финансирана од Владата на Република Северна Македонија и Заеднички фонд за целите на одржлив развој, преку Програмата за развој на Обединетите нации.

 

За повеќе информации за тоа како да аплицирате, одете на Како да аплицирам.

 

Visits: 308

Најнови вести и успешни приказни

 
Green Finance Facility претставен на Air Pollution Project во Куманово
Тимот на Green Finance Facility заедно со УНДП зеде активно учество на Саемот за енергетска ефикасност во Кавадарци
Презентација на Кредитната линија зa финансирање во зелена енергија во Стопанската комора на Северна Македонија пред Здружението на градежништво, индустрија за градежни материјали и неметали