Превземено од: Inovativnost.mk
Европската Банка за Обнова и Развој (ЕБОР) официјално ја претстави Програмата за финансирање на енергетска ефикасност GEFF, која ќе обезбеди финансирање за подобрување на енергетската ефикасност во домовите.
Охридска банка, Сосиете Женерал и Шпаркасе банка потпишаа договор со ЕБОР, со што станаа првите локални банки, кои ќе пласираат кредитни линии во вкупен износ од 4 милиони евра, наменети за натамошно кредитирање на енергетси ефикасни проекти во домаќинствата. Дополнителни 4 милиони евра се планира да се пласираат преку други локални банки. Овие инвестиции ќе им помогнат на домаќинствата да бидат на повисоко ниво на енергетска ефикасност, ќе ги намалат нивните емисии на гасови и ќе го подобрат нивниот животен стандард.
Иновативност разговараше со Игор Панчевски, технички експерт за Северна Македонија, Косово и Албанија за тоа што се опфаќа оваа Програма
GEFF програмата во Северна Македонија, ќе ги поддржи сите домаќинства со грант компонента до 20% од вредноста на кредитот кои ќе инвестираат во:
На што да обрнат внимание домаќинствата пред да влезат во инвестиција за да може да ја искористат можноста да добијат грант?
Сите оние кои ќе се решат да инвестираат и да бидат дел од програмата треба претходно да проверат неколку работи. Имено, во програмата се вклучени 11 технологии и преку 3.000 производи кои се високо ефикасни. Сите производи беа подложни на претходна верификации каде мораше да ги исполнат одредените технички критериуми зададени од ЕБРД (дадени на следниот линк https://ebrdgeff.com/macedonia/mk/the-programme/technical-eligibility-criteria
Овие производи се внимателно одбрани и со помош на фирмите кои ги продаваат во Северна Македонијаистите се внесени во Селекторот на технологиja кој претставува он-лајн каталог на производи (линк: www.ebrdgeff.com/macedonia/ts)
Секое заинтересирaно физичко лице пред да инвестира треба да провери дали производот во кој сака да инвестира е претходно одобрен од програмата и дали постои во селекторот на технологии. Доколку производот постои, може да провери кои фирми го продаваат истиот и да набави про-фактура од нив. Про-фактура за производот може да биде набавена и од фирма која не е прикажана на веб страната. Потоа со про-фактурата се оди во една од двете банки, партнери на програмата и се аплицира за GEFF кредитната линија.
Доколку банката го одобри кредитот на клиентот, потоа следува имплементација на мерката т.е. инсталација на производот. Кога ќе се заврши со инсталацијата на мерката, клиентот ја известува банката, а тимот на GEFF ќе изврши верификација на трошоците и инсталираната опрема. После успешна потврда се прави пресметка за грант и истиот се префрла на трансакционата сметка на инвеститорот.
Покрај самиот производ, како прифатливи трошоци за програмата се дефинирани т.н. дополнителни трошоци како што се: трошоците за инсталација, помошни материјали и работната рака. Овие трошоци програмата ги има веќе предефинирано како одреден процент од главниот производ кој се набавува.
За подетелни информации сите заинтересирани можат да се обратат кај банките, фирмите дел од прогрмата или на нашиот е-маил mk@ebrdgeff.com или на нашиот вибер број +389 77 866 231
Мерките за енергетска ефикасност треба да ги примени секое она семејство кое има можност. Придобивките од овие мерки ги има многу, но би можеле грубо да ги поделиме на две групи: