enmk

Услови на Програмата за финансирање на зелена економија (GEFF) на ЕБОР за поднесување на барања за исплата на финансиска стимулација (грант)

Целта на овој документ е да информира за правилата кои се применуваат на исплата на финансиски стимулации на заемопримачи корисници на Кредитната линија за зелено финансирање (GEFF).

Со користење на средствата од GEFF заемот и/или со поднесување на барање за исплата на финансиска стимулација, се потврдува дека сте запознаени со условите за користење, дека во целост ги прифаќате и дека сте законски обврзани со нив.

1 Кратенки и дефиниции

Станбен објект: куќа или стан во приватна сопственост

EBRD: Европска банка за обнова и развој (ЕБОР); ЕБОР е сопственик на програмата GEFF и на Системот за верификација (VMS)

EU: Европска Унија

GEFF: Кредитна линија за зелено финансирање

PFI: Партнерска финансиска институција

FC: Проектен консултант (Проектниот консултант управува со програмата GEFF во име на EБОР)

Заемопримач: лице кое поднесува барање за заем и финансиска стимулација во рамките на програмата GEFF

Проект: мерка или мерки за енергетска ефикасност кои заемопримачот планира да ги имплементира во рамките на програмата GEFF

Заем: Заем кој ќе го одобри PFI во рамките на Кредитната линија за финансирање на Проектот

Teхнолошки селектор: Teхнолошки селектор за Западен Балкан (TС). Интернет база со податоци во кои се содржат претходно одобрени технологии кои се оценети како прифатливи. ТС го развил ЕБОР, а го одржува Проектниот консултант.

Во согласност со Политиката за животна средина и социјална заштита на ЕБОР а од еколошки и/или социјални причини, ЕБОР го задржува правото да одбие дополнување на оваа база.

VMS: Систем за верификација (интернет алатка преку која заемопримачот ги вчитува/презема документите потребни за верификација).

2 Прифатливи заемопримачи

Поединци: физички лица или групи лица признаени според националните закони кои имаат пристап до објектот на кој планираат да го имплементираат проектот.

Станбени задруги: станбена задруга или друго еквивалентно тело, кое во секој случај, ги застапува интересите на станарите регистрирани согласно националните закони, а која планира да го реализира проектот.

Градежни компании: секоја градежна компанија која гради соодветни станбени објекти или згради.

Заемопримачи од јавниот сектор: субјект од јавниот сектор доколку ги исполнува следните барања: општини; или ако е основан во согласност со националните закони и примарно работи во матичната земја и е во мнозинска сопственост или под контрола од локален државен орган, општина или друг политички, државен или административен орган, агенција или нивна подредена деловна единица (вклучувајќи комунални услуги).

3 Прифатливи проекти

Проектот се смета за прифатлив доколку:

4 Проекти кои не се прифатливи за финансирање

Заемот нема да биде одобрен за финансирање на следниве активности:

Исто така, заемот нема да се одобри за финансирање на следните активности:

5 GEFF заеми

Доделување на заемот

GEFF заемите ги одобруваат (исплатуваат) Партнерските финансиски институции (PFI). Списокот со Партнерските финансиски институции можете да го најдете на локалните GEFF интернет страници.

Заемите одобрени од други банки, нема да бидат квалификувани како GEFF заеми.

Цел на заемот

Заемите за прифатливи инвестиции се земаат за или во врска со:

(a) станбени објекти или згради (Проекти во станбениот сектор). Само оние заеми кои се исклучиво наменети за финансирање на купување и правилна инсталација на материјали и опрема со висока енергетска ефикасност (кои се наоѓаат на списокот на Технолошкиот селектор или кои се оценети како прифатливи од проектниот консултант) може да се сметаат за заеми на GEFF.

(б) субјекти на јавниот сектор (Проекти во јавниот сектор).

(в) станбени објекти или згради (Проекти на градежни компании).

6 Финансиска стимулација (грантови)

Цел на финансиските стимулации

Заемопримачите, корисници на GEFF средствата имаат право на финансиска стимулација по целосно и правилно завршување на имплeментација на проектот за енергетска ефикасност и обновливи извори на енергија во согласност со документираните докази кои се доставуваат со Барањето за верификација.

Сите технологии/мерки мора значително да придонесат за вкупната заштеда остварена со реализација на проектот.

Докази за завршување на проектот

Завршувањето на секој проект треба да биде поддржано со соодветна документација.

Следниве документи се потребни за успешна верификација (ве молиме имајте предвид дека задолжителната документација зависи од видот на проектот):

Во случај заемопримачот да не ја достави бараната документација или да достави документи кои се неточни/кои не се веродостојни или кои не одговараат на инсталацијата спроведена на локацијата на проектот, проектот ќе биде одбиен.

7 Верификација на проекти

За да биде одобрена финансиската стимулација заемопримачот мора експлицитно да поднесе барање за истата. Заемопримачите своите Барања за верификација ги поднесуваат преку Системот за верификација (VMS), кој е достапен преку локалната GEFF интернет страница.

Постапка на верификација на финансиската стимулација

Постапката за верификација на финансиската стимулација ја врши проектен консултант по поднесување на комплетно  Барање за верификација во VMS. Секое Барање за верификација подлежи на проверка на лице место или на административна проверка на поднесената документација

Во случај да нема идентификувани грешки или измама, одлуката на проектниот консултант за успешната имплементација и завршувањето на кој било проект (или поинаков наод), ќе биде конечна и обврзувачка за PFI и заемопримачот.

Oграничувања кои се применуваат на стимулациите за инвестиции

Стимулациите за инвестиции нема да им бидат исплатени на заемопримачите за следново:

Покрај тоа, барањата за финансиски стимулации ќе бидат одбиени во следните ситуации:

8 Постапка за пресметка на финансиска стимулација

Пресметката на износот на финансиската стимулација ја врши проектниот консултант во текот на постапката за верификација на проектот. Прецизниот износ на стимулацијата за инвестиции што ќе им се исплати на заемопримачите ќе се пресметува по поднесување на Образецот за барање за верификација и сите други потребни документи.

Заемопримачи физички лица кои имплементираат прифатлив проект во својот станбен објект се подобни за добивање на финансиска стимулација во износ до 20% од (А) исплатениот износ на заемот или (Б) верификуваните трошоци на проектот, без разлика кој износ е понизок.

Станбени задруги и даватели на услуги и физички лица кои имплементираат проект на ниво на зграда се подобни за добивање на финансиска стимулација во износ до 35% од (А) исплатениот износ на заемот или (Б) верификуваните трошоци на проектот, без разлика кој износ е понизок.

Заемопримачи градежни компании кои имплементираат прифатлив проект во својот станбен објект се подобни за добивање на финансиска стимулација во износ до 10% од (А) исплатениот износ на заемот или (Б) верификуваните трошоци на проектот, без разлика кој износ е понизок.

Заемопримачи – субјекти од јавниот сектор кои имплементираат прифатлив проект се подобни за добивање на финансиска стимулација во износ до 15% од (А) исплатениот износ на заемот или (Б) верификуваните трошоци на проектот, без разлика кој износ е понизок.

За повеќе информации за процентуалниот износ на финансиската стимулација, посетете ги веб-страниците на Партнерските финансиски институции (PFI).

Висината на финансиската стимулација се пресметува во два чекори:

Чекор 1: пресметка на верификувани прифатливи инвестициски трошоци врз основа на документирани докази и/или посета на лице место;

Чекор 2: пресметка на износот на финансиската стимулација врз основа на прифатливите трошоци за соодветната технологија и применливиот процентуален износ на финансиската стимулација.

Резултатот од постапката за пресметување на износот на финансиската стимулација претставува еквивалентна вредност на финансиската стимулација во евра, која ќе му биде исплатена на заемопримачот по успешното завршување на проектот.

9 Постапка за исплата на финансиски стимулации

Средствата врз основа на финансискатастимулација се уплатуваат на сметката на заемопримачот. . Заемопримачот е должен да обезбеди сметка за исплата на средствата.

Исплатите на финансиски стимулации се вршат еднаш месечно. Финансиските стимулации одобрени од проектниот консултант на крајот на секој месец ќе бидат вклучени во исплатата на PFI.

10 Злоупотреба на донаторските средства

Секоја финансиска стимулација исплатена на заемопримачот, заемопримачот е должен да ја врати  доколку:

11 Постапката за поднесување жалба по основа на финансиска стимулација

Заемопримачот може да поведе постапка за поднесување жалба врз основа на финансиска стимулација во случај на несогласување со висината на одобрената финансиска стимулација или отфрлање на барањето врз основа на одлука на проектниот консултант.

Жалбата за финансиска стимулација се испраќа до Партнерската финансиска институција во која заемопримачот го поднел кредитното барање.

Заемопримачот може да поднесе жалба и до проектниот консултант. Жалбата за финансиска стимулација може да се поднесе во рок од 10 календарски дена од денот кога одлуката на проектниот консултант му била соопштена на заемопримачот. Во наведениот рок, заемопримачот може по електронски пат да испрати порака во која ќе го соопшти својот приговор на одлуката, давајќи кратко објаснување за причините поради кои не се согласува со донесената одлука. Заемопримачот може исто така да поднесе какви било пресметки и/или документи за кои смета дека се соодветни за да го поддржат приговорот.

Жалбите се испраќаат на следниве е-пошта адреси:

Косовo – xk@ebrdgeff.com

Босна и Херцеговина – bih@ebrdgeff.com

Aлбаниja – albania@ebrdgeff.com

Србиja – serbia@ebrdgeff.com

Северна Македонија – mk@ebrdgeff.com

Црна Гора – mne@ebrdgeff.com 

Проектниот консултант во рок од 15 работни дена ќе ја разгледа жалбата поднесена од заемопримачот и ќе му испрати писмен одговор на заемопримачот.

Доколку заемопримачот не е задоволен од резултатите од проверката на проектниот консултант, може да поднесе жалба до Европската банка за обнова и развој (EBRD), во рок од 30 дена:

Yucel Inan
Eвропска банка за обнова и развој (EBRD)
Обединето Кралство
E-пошта: inany@ebrd.com

Жалбите се доставуваат на следнива језици: локален или англиски јазик.

12 Политика за доверливост и приватност на податоците

Сите информации што проектниот консултант ги добива од Партнерските финансиски институции и од поединечните заемопримачи ќе се третираат со должно внимание за да се обезбеди нивната доверливост за време на складирањето и обработката, со цел да се спречи неовластен пристап до лични, финансиски и други чувствителни податоци.

Во согласност со одредбите на Општата регулатива за заштита на податоците на ЕУ („GDPR“), во прилог се информациите за видот на личните податоци што проектниот консултант може да ги собере и за која цел овие податоци може да се обработуваат за време на посетите на VMS и при неговото користење.

Се собираат следниве лични податоци:

Податоци за контакт

ЕМБГ  број, име и презиме, матичен брoj, телефонски број за контакт, е-пошта за контакт, адреса на живеење (земја, град, улица и број), број на сметка, адреса каде што е реализиран проектот и други податоци кои можат да бидат дел од наведените документи поврзани со целта на инвестицијата.

Податоци за проектот

Фактури, техничка документација на купениот производ, фотографии од реализираниот проект, деловни извештаи кои содржат информации за лични и финансиски податоци, како и податоци за купените производи.

Финансиски податоци

Финансиските податоци се однесуваат на потпишаниот износ на заемот, датумот на потпишување на заемот, датумот на исплата на заемот, исплатениот заем, вкупните инвестициски трошоци и интерен индетификациски број (ID) на заемот.

Сите други документи, информации и податоци кои може оправдано да се побараат.

Личните податоци се користат за обработка на барања за финансиски стимулации и во случај на последователни прашања, ние ги обработуваме личните податоци добиени за оваа намена со цел да ги исполниме договорните обврски, или поточно, врз основа на легитимни интереси.

Личните податоци собрани за време на користењето на VMS нема да бидат споделени со трети лица, освен со Европската банка за обнова и развој (EBRD) и/или освен ако е тоа потребно да се исполни обработката на барањето за финансиска стимулација, и /или доколку тоа го бара Програмата за финансирање на зелената економија и/или за исполнување на барањата за усогласеност со важечките закони/барања на надлежните органи.

Личните податоци се чуваат онолку долго колку што е потребно за горенаведените цели и исполнување на законските обврски.

Заемопримачот има право на пристап до личните податоци кои се однесуваат на него и кои се обработуваат. Дополнително, заемопримачот има право да коригира неточни податоци и да ги избрише податоците („право да се заборави“), доколку е потребно. Исто така, заемопримачот може да ги повлече изјавите за согласност во секое време, без да наведе причини, со цел да се спречи понатамошна обработка на личните податоци собрани и користени врз основа на претходно дадена изјава за согласност. Заемопримачот, исто така, може да има право на ограничување на обработката на личните податоци, како и право да прима лични податоци што се однесуваат на него, во структурирана форма, во вообичаен, машински читлив формат („преносливост на податоци“).

Покрај горенаведеното, заемопримачот има право да поднесе приговор до надлежниот надзорен орган.

13 Oпшти одредби и одговорност

Заемопримачот прифаќа дека нема правна основа за исплата (исплати) на финансиската стимулација. Употребата на VMS не претставува договор помеѓу заемопримачот и ЕБОР, проектниот консултант или кое било трето лице.

Заемопримачот нема правна основа за пристап, користење и/или функционалност на VMS. Пристапот до VMS и неговата употреба може да бидат отежнати поради непредвидени и/или вонредни околности или техничко одржување и може да биде одбиен или прекинат во секое време без причина. При користење на VMS, заемопримачот е должен да ги почитува важечките закони и да постапува во согласност со нив. Заемопримачот се согласува дека злоупотребата на VMS може да има правни последици и може да биде предмет на кривично гонење.

ЕБОР или проектниот консултант нема да бидат одговорни за функционалноста на VMS и/или за комплетноста и точноста на податоците што ги ставил на располагање барателот преку VMS. ЕБОР или проектниот консултант нема да бидат одговорни за какви било недостатоци и/или штета кои заемопримачот ќе ги претрпи како резултат на неточни, нецелосни, погрешни или доцна (вчитани) податоци или документи.

Во случај на каква било недоследност помеѓу англиската верзија и преводот на локалниот јазик, предност ќе има документот на англиски јазик.

[1] https://www.ebrd.com/news/publications/policies/environmental-and-social-policy-esp.html

[2] this exclusion depends on the individual PFI’s Agreement with EBRD

[3] Упатството за фотографии на GEFF е достапен на веб-страницата на GEFF