Обезбедете енергетски ефикасен дом со програмата GEFF на ЕБРД
Во зимските месеци поради ладното време имаме потреба да трошиме повеќе енергија. Северна Македонија нема доволно производствени капацитети за да ги задоволи потребите за енергија на потрошувачите, а тоа значи неизбежен увоз на енергија од странство. Во изминатите месеци земјата се соочи со енергетска криза, која е последица на кризата која го погоди речиси целиот свет. Како последица на тоа, домаќинствата ќе мора да плаќаат повисоки сметки за енергија. Но, има решение, а тоа е населението да „ја земе енергијата во свои раце“ и да одговори на покаченатите цени за енергијата со инвестирање во енергетски ефикасни технологии.
Енергетски ефикасни домаќинства – паметен и брз одговор на растечките цени на енергијата
Во суштина, енергетската ефикасност значи користење помалку енергија за вршење на истата работа или истата функција. Неопходно е да се направи разлика помеѓу „енергетска ефикасност“ и „штедење енергија“. Штедењето енергија секогаш имплицира некаков вид на апстиненција, односно намалување на волуменот на работа, додека ефикасната употреба на енергијата во домаќинствата значи одржување на истиот квалитет на живот. Имплементацијата на мерки за енергетска ефикасност, како што е термалната изолација, инсталацијата на топлински пумпи, соларни панели, печки на пелети, енергетско ефикасни прозорци и врати, води до помала консумација на енергијa и со тоа помала емисија на стакленички гасови. Сето тоа придонесува за исполнување на чекорите дефинирани со Зелениот план на ЕУ. Исто така, што е уште побитно, на годишно ниво има значителна заштеда на пари. На пример, со инсталација на топлинска пумпа во комбинација со добра термална изолација на надворешните ѕидови на еден семеен дом сметката за енергија за една семејна куќа од 150 квадратни метри ќе изнесува околу 4.000 денари, a тука е вклучено и имањето постојано топла вода во домот.
Топлинските пумпи трошат 4 до 5 пати помалку енергија отколку конвенционалните системи за греење
Веројатно сте слушнале за топлинските пумпи затоа што стана вистински тренд да се поставуваат во домовите, било да е тоа за греење или ладење. Има се поголема побарувачка од страна на сопствениците на домови, кои сакаат да ги заменат постојните системи за греење, особено старите бојлери, со поефикасни, поисплатливи и полесни за користење системи, кои ја намалуваат потрошувачката на енергија, емисијата на CO2 и истовремено ви штедат и пари и енергија. Кога станува збор за загревањето на домовите, една од најдобрите опции е инвестирањето во топлинска пумпа. Тие се самостојни, двокомпонентни уреди кои користат технологија на ладење и електрицитет за да обезбедат греење и ладење во домовите и во другите градби. Ниските трошоци за инсталација се уште една причина за да се одлучите лесно и економично да ги замените постојните системи за греење. Топлинските пумпи користат 4 до 5 пати помалку енергија отколку кој било друг конвенционален систем за греење. Тие имаат исклучително висока стапка на ефикасност и токму затоа брзо стануваат омилена технологија не само во домовите во Северна Македонија, туку и генерално во целиот регион на Западен Балкан.
Зошто да инсталирате топлинска пумпа во домот?
Помала потрошувачка на енергија, повеќе пари во вашиот семеен буџет и поголем комфор. Топлинските пумпи се една од најефикасните технологии кои постојат и трошат многу помалку енергија за да ви обезбедат безусловен комфор во домот. Така истовремено ќе трошите помалку пари за енергија и ќе штедите.
Греење базирано на радијатори. Топлинските пумпи исто така се погодни за греење базирано на радијатори (до 60°C топла вода). Со развојот на оваа технологија сега може да имате топла вода дури и кога надвор температурата е многу ниска (-20°C). Повеќе нема да ви треба дополнителен бојлер за постојано да имате топла вода во домот.
Функционираат на ниски температури (до -25°C). За ралика од други технологии (како што клима-уредите), топлинските пумпи се целосно функционални дури и кога надворешните температури се многу ниски. На многу ниски температури, кои се длабоко во минус, цевките кои водат до надворешната единица се дизајнирани да издржат мрзнење. Со цел да се оптимизира работата на топлинските пумпи и да се подобри квалитетот на греењето, изладената вода се загрева до тој степен што и кога надвор е далеку под нулата, дома ќе ви биде топло како да е лето.
Ниски трошоци за одржување. Системот се инсталира за само неколку часа и вие немате никаква друга обврска, освен тоа да си ја наместите амбиенталната температура според вашите потреби.
Каде да добиете финансиска поддршка за да инсталирате топлинска пумпа или друга „зелена“ технологија во домот?
Програмата GEFF на Европската банка за обнова и развој во Западен Балкан обезбедува парични средства за домаќинствата кои инвестираат во енергетски ефикасни технологии. Тука спаѓа поставуањето топлински пумпи, термална изолација, соларни PVs итн. Програмата ги поддржува домаќинствата кои сакаат да инвестираат во „зелени“ технологии со субвенции до 20% од страна на Европската унија. Досега програмата GEFF е одговорна за подобрување на енергетската ефикасност на околу 13.000 домаќинства во Западен Балкан, од кои над 3.000 се во Северна Македонија.
GEFF програмата има онлајн-каталог со енергетски ефикасни производи наречен Селектор на технологија, каде што потенцијалните корисници на субвенциите можат да изберат енергетски ефикасен производ. Сите производи кои се нудат се испитани и одобрени од независни инженери ангажирани директно од страна на ЕБРД.
Во Северна Македонија, финансирањето на GEFF е достапно преку следните партнерски финансиски институции: Комерцијална банка, НЛБ банка, ПроКредит банка и Шпаркасе банка.
GEFF се имплементира во цел Западен Балкан преку Програмата за регионална енергетска ефикасност на Западен Балкан (REEP Plus), финансирана од Европската унија и имплементирана во соработка со Секретаријатот на Енергетската заедница. Програмата за техничка соработка, која е достапна преку оваа кредитна линија, е поддржана од Федералното Министерство за финансии на Република Австрија и преку Инвестициската рамка за Западен Балкан.
За повеќе информации посетете ја Facebook страницата GEFF in North Macedonia или веб-страницата и почнете да го претворате домот во енергетски ефикасен простор.