Користете го Селекторот на технологија да одберете подобна опрема и материјали (или да добиете спецификации од производителот кои ги потврдуваат минималните барања за изведба) и направете го сертификатот за Подобност. Испечатете го, зачувајте го на вашиот уред или запишете го бројот на Сертификатот, за да може да го најдете во Селекторот на технологија.
Добијте про-фактура од вашиот локален трговец/дистрибутер за одбраните технологии. На про-фактурата треба да бидат наведени: (i) секој конкретен вид на технологија што се финансира и нејзината цена; (ii) трошоци за инсталација за секоја технологија која треба да се инсталира.
Пополнете го формуларот за апликација од одбраната локална банка партнер во Програмата и приложете го со горенаведените документи.
Локалната банка партнер во Програмата ќе ја процени вашата подобност за финансирање според GEFF, вашата кредитна способност во согласност со внатрешните стандарди и процедури на институцијата и дали технологијата наведена во Сертификатот за подобност е наведена во Селекторот на технологија. По позитивна процена, ќе ви биде обезбедено финансирање за ја купите одбраната технологија.
Обезбедете инсталација на технологијата. Погрижете се да ја имате фактурата и доказ за плаќање како и сите сертификати за инсталација/сертификати за пуштање во работа (ако е применливо) за да може да ги приложите кога ќе барате потврда.
Со цел да бидат прифатливи за добивање на грант инсталираните технологии потребно е:
За дополнителни информации за правилата на верификација и плаќање на грант ве молиме прочитајте ги Одредбите и условите на ЕБОР Програмата за финансирање на зелена економија (ГЕФФ) за барање за исплата на грант.
Да се дополни: За информации за правилата на верификација и плаќање на грант ве молиме прочитајте ги Одредбите и условите на ЕБОР Програмата за финансирање на зелена економија во делот на барање за исплата на грант.
За дополнителни информации за правилата на верификација и плаќање на грант ве молиме прочитајте ги Одредбите и условите на ЕБОР Програмата за финансирање на зелена економија (ГЕФФ) за барање за исплата на грант.
Кога ќе се инсталира вашата технологија, пополнете до формуларот за барање на потврда кој може да го добиете од вашата Локалната банка партнер во Програмата и приложете го во филијалата заедно со документите од претходниот чекор. Тимот на GEFF ќе потврди дека технологијата е инсталирана, при што може да е потребна посета и потврда на лице место.
По успешната потврда Локалната банка партнер во Програмата ќе го исплати финансискиот грант на вашата сметка. Со тоа вашиот проект може да стане една од успешните приказни на GEFF.